ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1830 ГОДИНА ВО ОХРИД Е РОДЕН ГРИГОР ПРЛИЧЕВ-МАКЕДОНСКИОТ ХОМЕР

Во Охрид, на 18 јануари 1830 година се родил Григор Ставрев Прличев, истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претсавник на македонската книжевност од XIX век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики, епохата во која живее и работи, како и класицизмот и романтизмот како стилски белези. 

Прличев бил ученик на Димитрија Миладинов. Извесно време се вработил како терзија, а подоцна станал учител во Тирана, Албанија. Во 1849 година се запишал како студент по медицина на Атинскиот универзитет. Во текот на 1850-59 година повторно се враќа во Македонија и учителствува на повеќе места: Долна Белица, Битола, Прилеп и Охрид, за да си обезбеди услови за продолжување на студиите. Во 1859 година повторно доаѓа во Атина како студент на втора година по медицина. Во овој период ја пишува поемата „Сердарот“.

 Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра поема на грчки јазик, паричен дел и ловоров венец. Истата година делото излегува од печат. Поетската творба „Сердарот“ се смета за апсолутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал. За неа авторот во Атина го добива од критиката епитетот Втор Хомер. Други позабележителни негови творби се Автобиографијата и словото-есеј „Чувај се себеси“, поемата „Скендербег“ и мала серија песни за деца кои се сметаат за родоначалнички во македонската литература.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Content is protected !!