МИНАТАТА ГОДИНА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ИМАЛО 12 ПОМАЛКУ НОВОРОДЕНЧИЊА ОТКОЛКУ ВО 2020

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија во текот на 2021 година доделила еднократна парична помош на 149 новороденчиња. Од вкупниот број поднесени барања, 76 биле поднесени за родени девојчиња, а 73 за момчиња. Паричен надоместок е доделен на првородени деца – 80, второродени- 54 деца, а, исто така, и за 12 третородени и 3 четвртородени деца

За разлика од 2021, во 2020 година во општина Гевгелија имало 161 новороденче. Од вкупниот број новороденчиња, 81 е машко, а 80 се девојчиња. Од нив, 7 се третородени деца, а другите прво и второродени. Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува еднократна парична помош за прво, второ и трето дете. Еднократна парична помош за прво и второродено дете изнесува 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари. 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *