ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ИНСТАГРАМ НАТПРЕВАР ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА

По повод 17.2, Меѓународниот ден на антропологијата, Институтот за ентологија и антропологија при ПМФ, УКИМ ве повикува да учествувате во Инстаграм натпревар за најдобра фотографија на тема #НашитеСветови.

Како изгледа секојдневието на вашата генерација и на луѓето кои ве опкружуваат? Регистрирајте моменти на солидарност и пријателство, но и на нешта кои заслужуваат критика.

Фотографиите, со ваше име и презиме, училиште и клас испраќајте ги на iea@pmf.ukim.mk најдоцна до 15 февруари.

Најдобрите три фотографии ќе добијат награди:

– Друштвена игра „Катан“ (ново издание на македонски) од Гоблин Друштвени Игри во вредност од 2.500 денари

– Вредносен ваучер од Literatura.mk во вредност од 2.000 денари

– Занаетчиска ракотворба, подарок од социјалното претпријатие ESNAF \ ЕСНАФ во вредност од 1.000 денари

Сите дела кои ќе го поминат првиот избор ќе бидат објавувани на Инстаграм профилот на Институтот @etnoantropo.

* Правила: Фотографиите треба да бидат лично дело, не преземени од интернет. Тие не смеат да содржат навредливи содржини или да промовираат услуги или производи. Истите треба да бидат во формат погоден за објавување на Инстаграм.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.