ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ГРУПАТА „ЗИЈАН“ СО ПЕСНАТА “ГРАД“ СЕ НАЈДЕ НА ПЛОЧАТА „MACEDONIAN NEW WAVE 1979-1987“

Вчера, во издание на Corpus Delicti Records, излезе вторта плоча од едицијата МАКЕДОНСКИ РОК АРХИВ, насловена како MACEDONIAN NEW WAVE 1979-1987

На плочата, за која изборот го направи Тошо Филиповски, рокерот и новинар, кој издаде три капитални дела „Македонска рок енциклопедија“ „Македонска дискографија-винили 1958-2019“,и „Македонски рок времеплов“, и добитникот на наградата за новинарство „Мито Хаџивасилев Јасмин“ издаде уште една компилациска плоча на која покрај групите Инола икс , Бастион, Дизајн, Фора, Прамен, Гино де Гаги и нивните страсти, Меморија, Бон Тон, Морал, Чуден крој, Телекс, Токму така и Коцка мраз, се најде и гевгелискиот супер-бенд „Зијан“со темата „Град“.

Се работи за песна снимена во 1987 година, во студиото на РТС, заедно со темата Верувај на душата своја, веднаш по завршувањето на традиционалниот декемвриски концерт на најдобрите македонски бендови во салата „25 Мај“, под името „Рок Предизвик“

 

За да ја нарачате оваа плоча во Република Македонија таа чини  800 денари + поштарина на адресата КОРПУС ДЕЛИКТИ РЕКОРДС 4ти Јули 42/1/1 – Скопје. Жиро с-ка: 270059471460173 Депонент: Халк Банка, Скопје

За: претплата за “LP Macedonian Dark Wave”

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *