ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ГО ПОСЕТИ ПРВОТО БЕБЕ РОДЕНО ВО 2022 ГОДИНА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Традиционално, гевгелискиот градоначалник Андон Сарамандов, денеска, во придружба на директорот на Општата болница во Гевгелија, Митко Крџев, ги посети првото бебе родено оваа година во Гевгелија и неговата мајка Пепита,при што  покрај четитките, им упати желби за добро здравје на целото семејство Спасови.

Градоначалникот Сарамандов на новореденчето му подари 10.000 денари од Општина Гевгелија и пригодни подароци за него и неговата мајка.

Првороденото бебе во општина Гевгелија во 2022 година го донесе на свет во одделот за гинекологија и акушерство во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија, на 1 јануари, во попладневните часови мајката Пепита Спасова од гевгелиското село Давидово. Детето, кое ќе го носи името Стефан, е тешко 3 килограми и 150 грама, долго 50 сантиметри и е прво дете во фамилијата Спасови.

 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *