ПРЕКУ МЕТЕРЕОЛОШКА КУЌИЧКА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ЈА ДОПОЛНУВААТ СЛИКАТА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЗЕМЈИНАТА ТОПКА.

WEB Телевизија во живо

 Преку светската научна и образовна GLOBE-програма, во дворот на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија е поставена метеоролошка куќичка со потреби инструменти, со чија помош учениците средношколци прават секојдневни мерења од областа Атмосфера. И тоа, за мерење на: моменталната температура на воздухот, минималната и максималната температура во текот на едно деноноќие, влажноста на воздухот, атмосферскиот притисок и врнежите. 

Се набљудува небото и се забележуваат видовите облаци и кондензацијата. Преку директните мерења и внесувањето податоци во ГЛОБЕ- серверот, учениците во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија преку нивните локални откритија, заедни со други ученици и научници од целиот свет, ја дополнуваат сликата за животната средина на земјината топка. Координатор на проектот е професорката Марија Танева, додека пак професорите Сашко Колев, Зорица Лешевска и Снешка Аризанова секој од својата област заедно со учениците има задача секојдневно да врши мерења и испитувања.


 Globe е светска научна и образовна програма која ја координира работата на учениците, наставниците и научниците со цел да се проучува и разбере глобалната животна средина. Програмата претставува меѓународно партнерство, во кое се инволвирани земји од целиот свет, а ја води Владата на САД преку партнерства со други земји. СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија е ГЛОБЕ училиште и учениците со своите ментори реализираат истражувања и мерења од повеќе области интегрирани во оваа прграма. Оваа програмата е иницирана во 1994 година од страна на американскиот потпредседател Ал Гор и официјално отпочна на 22 април, 1995 година, на 25- годишнината на Денот на Земјата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *