ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ СТАБИЛНО И БЕЗ ДОЖД

ПРВИОТ ДЕН ОД НОВАТА 2022 ТЕМПЕРАТУРИ ДО 17 СТЕПЕНИ

Повремен локален дожд ќе имаме денеска, среда, 29 декември, а потоа, во следните денови времето ќе биде стабилно и сè  потопло.

Според најавата на УХМР, утринските температури до недела секаде во земјава ќе бидат над нулата, а највисока дневна е прогнозирана за сабота, првиот ден од 2022 година, до 17 степени.

– Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка, најави УХМР.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.