ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВРАЧЕНИ ПРИЗНАНИЈАТА ЗА 8.500 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ, И ВО 2021 ТИЕ БЕА ХЕРОИТЕ ВО БОРБАТА СО КОВИД-19.

ВО ИМЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА ПРИЗНАНИЈАТА ГИ ПРИМИЈА ДИРЕКТОРОТ МИТКО КРЏЕВ, ИНТЕРНИСТОТ БЛАЖE ЧОЧКОВ И МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ БИЉАНА ДЕМЕРЏИЕВА И МАРИНА КАРАТАШЕВА

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство д-р Венко Филипче, на директорите и менаџерските тимови на клиниките од јавното здравство кои најнепосредно беа вклучени во борбата со пандемијата од КОВИД-19, вчера им ги предадоа плакетите што ќе им бидат врачени на над 8.000 здравствени работници во земјата за нивното пресудно и исклучително важно учество справувањето со последиците од вирусот и епидемијата. Во име на сите вработени во Општата болница со проширена дејност-Гевгелија, плакетите и признанијата ги примија директорот на установата д-р Митко Крџев, интернистот д-р Блажо Чочков, како и медицинските сестри Биљана Демерџиева и Марина Караташева.

На настанот на кој започна со едноминутно молчење во спомен на починатите од КОВИД-19, премиерот Заев истакна дека беа преземени соодветни и ефикасни мерки за да се запре фаталната природа и непредвидливоста на вирусот, да се намалат ризиците и да се пружи соодветна терапија и медицинска нега на заболените.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во своето обраќање нагласи дека иако медицинскиот кадар целосно се посвети на борбата со пандемијата во континуитет се вршеа сите итни прегледи и интервенции, а лекови и терапија обезбедуваме во континуитет за сите пациенти.

„Секој ден не ни беше борба само со корона, туку и организација на здравствениот систем, секојдневни контакти со колегите, консултации за пациенти, долги состаноци за координација, тешки одлуки и лични судбини кои секогаш допираат.. И потоа повторно нов ден пред нас…“, рече Филипче во своето обраќање.

Тој додаде дека сите здравствени работници покажаа високо ниво на професионалност, сплотеност и колегијалност и во ниту еден момент не потклекнаа под притисокот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *