ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВО ГЕВГЕЛИЈА ПОВЕЌЕ ОД НЕОПХОДНО Е ФОРМИРАЊЕ НА МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР.

На јавната расправа, на тема„Oтварање на младински центар во општина Гевгелија “, организирана од Центарот за поддршка на НВО- Гевгелија, во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и Национален младински совет- Скопје, произлегоа повеќе заклучоци врз база на отворената дискусија за обврските на општински власти и законски можности од Законот за младинско учество и младински политки за отварање на младински центар со цел да се понуди неформална едукација и културно забавни содржини на младите на локално ниво.
Сите учесници во расправата ја истакнаа неопходноста за потреба од Младински центар во Гевгелија, каде младите ќе можат да го поминат слободното време и од потребата за примена на Општината за Законот за младинско учество и младински политики
Не секогаш возрасните знаат што им потребно на младите,и тоа е суштината на младинското учество,да се обезбеди место,простор да го кажат младите своето мислење,своите потреби,своите желби,а возрасните се тие кои треба да ги испочитуваат да ги претвораат во одлуку,закони, за да го подобрат животот на младите на локално ниво. Процесот за формирње на локален младински совет треба да произлезе од локалните граѓански организаци заедно со општината.
На јавната расправа беа поканети и присуствуваа: Драган Атанасов – генерален секретар на Сојуз за младинска работа , Ѓорги Нанчев – координатор на општински младински центар во Кавадарци, Зоран Илиевски,Коалиција на младински организации СЕГА ,Драгана Митровиќ – младински работник , Сојуз за младинска работа. На јавната расправа учествуваа млади од општина Гевгелија- ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, претставници од организации за млади, локални институции, членови на Советот на Општина Гевгелија, како и претставник од општинската администрација.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.