РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА ДАНЧО КАЛ,ЧЕВ ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

Во Музејот на Град Скопје, вечерва, ќе биде отворена ретроспективна изложба на македонскиот сликар Данчо Кал’чев. Ова е прво вакво ретроспективно претставување на творештвото на уметникот со ваков карактер, при што ќе бидат презентирани дела од сите главните фази во неговото сликарство. На изложбата ќе бидат претставени 40-на дела од сите негови сликарски циклуси почнувајќи од 1992 година („Траги“, „Идоли“, „Генесис“) до најновиот циклус од 2021 година.
Меѓу денес малкутемина навистина посветени македонски сликари, сликари кои што сликарството го сфаќаат како сериозна професија и животна определба, Данчо Кал’чев секако зазема доминантно место, пишува ликовниот критичар Златко Теодосиевски во воведот на изложбата.
Впрочем, и неговото досегашно целокупно сликарство сведочи за комплетна посветеност на еден вистински сликарски мајстор кој ништо не препушта на случајот или првичната импресија, туку гради Слика со голема почетна буква, создава дела со специфична пластична (синтаксна) и семантичка структура, јасно препознатлива во современото македонско сликарство.
Данчо Кал’чев е роденво 1957 година во Скопје. Во 1979 година завршил Педагошкаакадемија, во класата на сликарот Ванчо Георгиевски, а потоа дипломирал ка јпроф. Димитар Кондовски на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 1984 година. Живее и работи воГевгелија. Неговата последна голема изложба беше реализирана во 2009 година во Музејот на Град Скопје.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *