ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ОТЕЦ ДИМИТАР ТАШЕВ: НЕКА ДЕНЕШНОТО НАШЕ ЗАЕДНИЧКО ЧЕКОРЕЊЕ НЕ ЗАВРШИ ДЕНЕСКА, ТУКУ СЕКОЈДНЕВНО ДА ЧЕКОРИМЕ ЗАЕДНО.

ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ СЕ КАПКАТА ПОЛНА СО ЧИСТОТА, ЈАСНОСТ, ЉУБОВ, СРЕЌА, ДОБРИНА, ТОПЛИНА И НАЈВАЖНО ОД СЕ , ТИЕ СЕ ДАР ОД БОГА.
„Немој во мене да гледаш дека не можам да трчам, немој да го гледаш тоа што моите раце не работат, немој да гледаш само дека не можам да зборувам, да не гледам, да не слушам, ТОА НЕ СУМ ЈАС.
Гледај во блесокот во моите очи, гледај ја мојата душа полна со љубов, гледај го мојот ум што мисли, ОВА СУМ ВИСТИНСКИОТ ЈАС. “
Вака го започна своето обраќање пред присутните во театарот, пред градоначалникот Андон Сарамандов и пред преставниците на институциите, а по повод 3 декември, денот на лицата со попреченост, отец Димитар Ташев, претседател на Здружение на граѓани Национална Алијанса за лица со посебни потреби Гевгелија-Центар Мајка Тереза.
Денес е Светскиот ден на лицата со посебни потреби, ден кога се обединуваме во заедништо за да се свртиме кон овие лица и во еден глас да им кажеме ,,Ви благодариме што постоите на овој свет. Денес сите можеме да кажеме, ти си ист како мене.Те сакам како брат,сестра.
Секојдневно треба да им се заблагодаруваме на овие лица, затоа што ни покажуваат како животот треба да се живее на еден убав и добар начин и покрај сите предрасуди кои ни ги дава светот. Тие ни ја покажуваат светлата точка на Земјата и не посочуваат
на еден прекрасен свет.
Без разлика дали овие лица имаат интелектуална или физичка попреченост, моторни нарушувања, Даунов синдром, Аутизам, глувост,слепило тие се бистрата и чиста капка во огромниот измешан океан. Тие се капката полна со чистота, јасност, љубов, среќа, добрина, топлина и најважно тие се дар од Бога.
Ако сега прашам едно од лицата со посебни потреби, како се чувствува во ова општество, одговорот би бил: Не сум доволно прифатен,почитуван.Се прашувам зошто?
Зошто ме гледаш со други очи, зошто не ме прифаќаш со сите мои слабости.Јас не сум бројка, јас сум жив,јас постојам.Јас сум врсник на твојот син,јас сум другар на твојата ќерка, јас учам со твојот внук.Боли. Многу боли кога не си прифатен.
Мајка Тереза на едно место ќе каже:Најтешкото во светот не е гладот,болеста,туку чуството дека си напуштен,отфрлен,оставен сам да се бориш со својата попреченост.
Ќе поставам неколку прашања, кои секој од нас треба да размисли и да си ги одговори внатре во душата, во срцето, а јас ќе пробам да ги одговорам пред сите вас, што јас чуствувам во себе.
Зошто благодарам до овие лице? Кои се тие лица? Што се случува со овие лица? Зошто постојат овде на земјата? И како треба да и пристапиме и да се однесуваме кон тие лица?
Често овие лица се осудувани, исклучени и ограничени во секојдневието. Потценувани се нивните способности и со тоа ги повредуваме нивните чуства, го повредуваме нивните живот, не знаејќи дека понекогаш тие можат многу повеќе од нас.
Тие постојат за да не’ спасат од секојдневните нечистотии, од суровиот свет во кој живееме. Тие се овде да ни ја покажат вистинската патека по која треба да се движиме. Доволно е да погледнеме во нивните лица, во нивната неизмерна насмевка и тогаш ќе сфатиме дека овие лица се даруваат за нас, за нашата среќа, прават се за да не направат среќни и да ни ги стоплат срцата во овој за жал еден ладен свет. Нивните души се скапоцени, и тие не знаат за тоа што е омраза, гнев туку тие знаат да даруваат само љубов, добрина, мир меѓу луѓето.
Тие не бараат многу од нас, за нив е доволно да ги прифатиме со вистинска љубов, да ги сакаме и да се грижиме за нив. Ним им е доволно да и подариме една искрена насмевка и една топла прегратка, а тие ќе ни возвратаат стоструко од тоа што ние сме го очекувале од нив.
Со еден збор тие се Сонцето кој секојдневно ги топлат нашите срца и се лек за многу наши рани.
Нашето општество тоа го може. Тоа сме го покажале на многу начини. Нека денешното наше заедничко чекорење не заврши денес, туку секојдневно заедно да чекориме.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.