ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА 22 ДЕКЕМВРИ, ДВАЕСЕТТА ПО РЕД КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА „АПОЛОНИЈА ФОНДАЦИЈАТА“

Фондацијата „Аполонија“- Гевгелија во соработка со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа Болница – Гевгелија и со Општинската органзација на Црвениот крстГевгелија, во просториите на хотелот „Аполонија“, на 22 декември, 2021 година, ќе го организираат традиционалниот „Дваесетти по ред Аполонија – ден на крводарување“.
Сите оние кои сакаат да ја даруваат оваа течност која живот значи, тоа ќе може да го сторат во просториите на хотелот „Аполонија“, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, потврдувајќи ја својата хуманост на 077 750 120 или со пријавување на рецепцијата на хотел „Аполонија“. За хуманите крводарители следуваат симболични подароци од организаторите.
– Во рамките на своите определби за постојано поддржување и помагање на активности што се дел од целокупното живеење на нашата локална, а и поширока заедница, фондацијата „Аполонија“ се вклучи и во остварувањето на едно од најблагородните човекови дејствувања – крводарителството. Секоја следна акција ни е сè помасовно поддржана, што ни дава право да останеме при определбата Гевгелија да биде хуман град, истакна директорот на фондацијата „Аполонија“, Аце Ристовски.
Акцијата „Аполонија- Ден на крводарување“ се организира двапати во годината, а првиот Аполонија – ден на крводарување беше организиран на 19 октомври, 2010 година. Годинава, 19 крводарителска акција беше одржана на 27 април, на која беа собрани 28 единици крв.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.