ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

МВР АПЕЛИРА ДА НЕ ПОСТИРАТЕ ФОТКИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ДОКОЛКУ ЈА СЛАВИТЕ НОВА ГОДИНА НАДВОР ОД ВАШИОТ ДОМ.

Од МВР апелираат да се избегнува поставување фотографии на социјалните медиуми бидејќи тие се вистински извор на информации за крадците каде може слободно да оперираат.

-Ние како МВР секоја година во ова време и пред летните одмори кога граѓаните ги напуштаат своите домови, апелираме за внимателност, затоа што покрај мерките што ги презема МВР и граѓаните треба да ги преземат мерките од нивна надлежност, за да можат да си ги заштитат домот и имотот.Апелот е доколку луѓето не слават дома, да не се постираат фотографии од местото на настанот кај што се, затоа што на тој начин преку социјалните мрежи им давате сигнал на оние кои имаат криминални намери, вели Тони Ангеловски, портпаролот на МВР. 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.