ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

„ГЕВГЕЛИЈА ЗАЕДНО ВО НОВАТА ГОДИНА“

ГЕВГЕЛИЧАНИ ЌЕ ЈА ДОЧЕКААТ НОВАТА 2022 ГОДИНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД СО ЛОКАЛНИ МУЗИЧКИ ИМИЊА.
 
Граѓаните на Општина Гевгелија по подолго време ќе можат заеднички да ја дочекат Новата 2022 година на Градскиот плоштад во Гевгелија. Општина Гевгелија ќе организира новогодишна прослава на Градскиот плоштад со локални изведувачи. Под наслов „Гевгелија заедно во Новата година“, целта е новогодишниот дочек да мине во пријатен амбиент со музика за сечиј вкус, а во изведба на веќе афирмирани постари и помлади гевгелиски музичари. 
Притоа, ќе се води сметка и за протоколите за заштита од КОВИД-19.
 
 На новогодишната прослава „Гевгелија заедно во Новата година“ ќе настапат: дуото Борис Ќаев и Мартин Костадинов, Оливера Станковска, „Лајф бенд“, „Фрка бенд“, Дејан Малзарков, „Панта реи“ и DJ Mad Kid. Новогодишниот дочек започнува во 20:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *