ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ГЕВГЕЛИЈА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО КОЛЕКТИВНИОТ ИМУНИТЕТ ВО ПРЕСРЕТ НА ОМИКРОН СОЈОТ

ГЕВГЕЛИЈА СЕ ДОБЛИЖУВА ДО КОЛЕКТИВНИОТ ИМУНИТЕТ ВО ПРЕСРЕТ НА ОМИКРОН СОЈОТ. ДВЕ ВАКЦИНИ ПРИМИЛЕ 13.157 А ТРЕТА 2.240 ЛИЦА

Во пунктот за вакцинација во Општа болница Гевгелија до сега со две вакцини се вакцинирале 13.157 лица а трета(бустер) доза примиле 2.240 граѓани, ни изјави директорот Митко Крџев.

Последните недели опаѓа интересот за примање на прва вакцина, додека поголем број граѓани се јавуваат за аплицирање на третата вакцина. Дневно, на пунктот за вакцинација се јавуваат по околу 30-на лица, а очекуваме, вели Крџев, овој број да се зголеми заради скратениот период за примање на бустер дозата.

Според мене, потенцираше директорот Крџев, намалената бројка на граѓани за вакцинирање во Гевгелија се должи на две причини,

Првата е фактот што Гевгелија има еден од највисоките проценти на вакцинирани граѓани кој изнесува околу 70 отсто од возрасната популација.

Втората причина е засилената негативна кампања.

Со овој процент, заклучи Крџев, Гевгелија е многу близу до постигнување на колективниот имуитет, што очекуваме позитивно да влијае во справувањето со пандемијата во пресрет на Омикрон варијантата на Ковид-19.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Content is protected !!