ДОЈРАН ЌЕ РАБОТИ НА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТУРИСТИ ПРЕКУ ЦЕЛАТА ГОДИНА

WEB Телевизија во живо

Дојран, со помош на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот, ќе работи на регионална туристичка понуда за привлекување туристи преку целата година. Ова беше договорено на средбата меѓу директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски и дојранскиот градоначалник Анго Ангов.
Како примарно е договорено учеството на Меѓународниот туристички саем во Белград, како примарен пазар, за што во најскоро време треба да се изработи промотивниот материјал за претставување на Дојран.
– Договоривме инвестиции за изградба на нови автокампови, организирање посета на инфлуенсери за гастрономија во Дојран, туристичко означување на дестинацијата и заедничко аплицирање на ИПА проекти за развој на туризмот во Дојран, рече Ангов.
Со овие активности се очекуваат нови инвестиции во туристичкиот сектор, како и зголемување за 20 отсто на ноќевањата остварени во наредната 2022 година.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *