ДЕВЕТ ГОТВАЧИ, МЕЃУ КОИ И ВАЛАНДОВЧАНЕЦОТ ИЛЕ ФИДАНСКИ ПРИГОТВИЈА 700 ОБРОЦИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК ВО ОХРИД И СТРУГА.

WEB Телевизија во живо

НЕКА БИДЕ ОВА ПОТТИК И ЗА ОПШТИНИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ ДА НАПРАВАТ СЛИЧНИ АКЦИИ ЗА СВОИТЕ СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ ЖИТЕЛИ.
Хуман гест за почит. Стружанецот Никола Петрески, кој повеќе од еден месец дели топли оброци на социјално ранливи категории во Струга, го реализираше до сега својот најголем подвиг: заедно со девет професионални готвачи од Охрид, Струга, Валандово, Скопје и Кавадарци зготви 700 оброци за сиромашните и бездомниците во охридско-струшкиот регион. Тие заедно готвеа четири часа, а на менито имаше плескавици, ориз, пире, пилешко, риба и салати.
Меѓу нив се најде и валандовчанецот Иле Фидански, кој е вработен во хотел Сириус. Тој со задоволство ја прифатил поканата на Никола, би учествувал и на други вакви акции, а за ТВ Нова 12 вели дека е убаво ваква иницијатива да биде покрената и во Гевгелија и во Валандово.
„Беше напорно сето ова да се организира, изјави за ТВ Нова 12, идејниот творец на акцијата Никола Петрески, но имавме голема желба да се помогне. Помогнаа и голем број хумани граѓани и компании, но најголема помош даде Општина Струга, со 90 проценти од намирниците“, вели Петрески.
Се почнало со еден хуман гест на Никола, кој со неколку оброци неделно се обидувал да им помогне на оние на кои тоа им е најпотребно. Храната која му останувала, готвејќи ја како дел од неговиот работен ангажман, наместо да ја фрла, почнал да ја дава на овие граѓани.
„Мислам дека оваа акција што ја спроведуваме сега, ќе ја има и во другите градови. Планирам да продолжам после акцијата, нема да застанам и повторно понеделник, среда и петок ќе делам оброци, додека се приклучи некоја друга компанија која ќе ги покрие другите денови“. Следен чекор е заедно со моите пријатели да направиме уште поголема акција, да направиме оброци за 15.000 луѓе. Но за тоа, потоа, вели Никола од Струга.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *