ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ДЕНЕС Е СВЕТА ВЕЛИКОМАЧЕНИЧКА ВАРВАРА.СЕ ВЕРУВА ДЕКА ДЕНЕС КОЈ ПРВ ЌЕ ТИ ВЛЕЗЕ ВО ДОМОТ, ТАКВА ЌЕ ТИ БИДЕ ГОДИНАТА

Според календарот на МПЦ православните верници денеска го одбележуваат споменот посветен на Светата великомаченичка Варвара. Еден од поголемите христијански празници од зимскиот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 17 декември по стариот календар.
Меѓу народот постои верување дека не се оди никаде на гости на овој ден, туку дека се седело дома. Се верува дека денес кој прв влезе дома таква ќе биде годината. Кој ќе те полази таква среќа ќе ти донесе, затоа народот верувајќи во ова гледал прво мало дете да ти стапне прво дома па среќа ,радост, мила да ти биде годината. Или пак тој што ќе влезе да носи леб со него – за бериќет
Кај нас за овој празник е сочуван обичај, иако со непознато потекло, на овој ден да се вари жито (разни житарици) кое ќе се јаде следните неколку денови. Исто така денес се сее и божиќната пченица. Во гевгелиско домаќинката мешала повеќе житни култури (пченка, јачмен, овес, просо и др.) ги варела и им ги давала на кокошките да им се разварат цревата и да несат повеќе јајца во текот на годината.
Старите велат дека од овој празник денот започнува да расте, а ноќите стануваат пократки.
No photo description available.
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.