Д-Р ТОДОРКА ОКОВА:ВО ГЕВГЕЛИЈА ДО СЕГА ВАКЦИНИРАНИ 13.000 ГРАЃАНИ, СО ТРЕТА ДОЗА ИМУНИЗИРАНИ 2000 ГРАЃАНИ.

WEB Телевизија во живо

Заклучно со 26 ноември во Република Македонија вкупно се вакцинирани 828.770 граѓани, ревакцинирани се 794.666 а трета доза примиле 70.937 граѓани. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.
Според последните податоци, Гевгелија, со над 65 отсто на вакцинирани граѓани со прва доза се наоѓа меѓу првите три града во Македонија. Како што не информираше пак д-р Тодорка Окова, одговорен доктор за вакцинацијата во Општа Болница Гевгелија, бројот на вакцинираните граѓани со две дози во нашиот град изнесува околу 13.000 граѓани, додека со третата, или бустер доза вакцинирани се 2.000 наши сограѓани.
Таа уште еднаш апелираше до граѓаните да се вакцинираат бидејќи тие се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација, вели доктор Окова се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.
May be an image of 1 person, standing and indoor
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *