ЦЕНТАРОТ МАЈКА ТЕРЕЗА УЧЕСТВУВАШЕ НА РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД ЈУГОИСТОКОТ ВО СТРУМИЦА

WEB Телевизија во живо

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион организираше Регионален саем на социјални претпријатија од овој регион, за да може заедницата поблиску да се запознае со нив и да се информира за потенцијалите што ги нудат овој тип на претпријатија но и кои се бенефитите од нивното постоење. На неколку штандови во Центарот за кулутра во Струмица, дел од социјалните претпријатија но и граѓански здруженија чиј фокус се ранливите категории граѓани ги презентираа своите услуги но и производи што ги изработуваат, покажувајки дека може да бидат во интерес на заедницата.
На овој саем учество зеде и Центарот Мајка Тереза од Гевгелија.
,,Овој саем има за цел да ги промовираме потенцијалните социјални претпријатија, но и промоција на активностите и што поголем број на заинтересирани да го видат овој настан и да стапат во контакт со нас за да можеме во иднина повеќе да соработуваме и да ги поддржиме во остварувањето на нивните цели, рече Жулиета Ѓуркова, директорка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Во Југоистокот веќе функционираат но и постојат иницијативи за социјални претпријатија. Нивната заложба е да се престават самите и да ги презентираат своите услуги и производи, и да обезбедат одржливо решение за ранливите категории на луѓе
Првиот саем на социјалните претпријатија се одржа во рамки на проектот „Поддршка на социјално претприемништво“, поддржан од Европската Унија, кој го спроведува „Ептиса“, во конзорциум со „Барка и Екорис“, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *