ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

СТРУМИЧКАТА ПОЕТЕСА И НОВИНАРКА СУЗАНА МИЦЕВА ВО 2018 БЕШЕ ДОБИТНИК НА ПРВАТА НАГРАДА ЗА СТРАНСКИ ПОЕТИ НА ПОЕТСКИОТ КОНКУРС „ЛИРИЧНИ ГЛАСОВИ“ ВО СОФИЈА.

Струмичката поетеса и новинарка на регионалната телевизија ВИС, Сузана Мицева, во 2018 година ја освои првата награда во категоријата странски поети на поетскиот конкурс „Лирични гласови“ што е во организација на Сојузот на софиски библиотеки и издавачките куќи „Изида“ и „Персеј“ од Софија, Република Бугарија.
На свечената церемонија на доделување на наградите што тогаш се одржа во малата библиотека, „Никола Вапцаров“, во Софија, поезијата на Сузана Мицева беше прочитана на мајчин и на бугарски јазик во превод на Тања Попова. Втората награда во ова акатегорија ја доби Нехас Сопај од Албанија, а третата Дунија Паланжени од Романија.
Таа година на конкурсот беа пријавени 224 поети, меѓу кои многу повеќекратни добитници на награди и високи признанија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *