АМАТЕРСКИОТ ТЕАТАР ОД ДЕМИР КАПИЈА ГОСТУВА ВО ГЕВГЕЛИЈА СО ПРЕТСТАВАТА „НОЌИТЕ ВО БЕЛ САТЕН“.

WEB Телевизија во живо

На 17 декември, 2022 година, со почеток во 19:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија, во организација на ЈОУ Дом на културата „Македонија“- Гевгелија, ќе гостува театарската група при ЈОУ Дом на култура „Мирка Гинова“ од Демир Капија со театарската комедија „Ноќите во бел сатен“. Овој аматерски Театар е формиран во 1963 год, и непрекинато работи со ентузијасти кои неизмерно ја даваат својата љубов кон театарот. Претставата „Ноќите во бел сатен“ е текст на познатиот наш писател Братислав Димитров, и се занимава со еден од современите проблеми, со осаменоста. Можеби тука за нас и не е толку голем, но во светот тоа е најголемиот и најзначајниот проблем. Во трката по пари, моќ, привилегии ги заборавивме основните потреби – емоциите. Публиката може да очекува забавна претстава, која и ќе ги насмее, но и ќе ги допре во срцето, во нивните души и проблеми. Стануваме робови на техниката, забораваме на нашите чувства и имаме недостиг од љубов“, велат од театарскат група „Мирка Гинова“ од Демир Капија. Главната тема во преставата е традиционализмот или пак мачовизмот на Балканот и ова е прв текст во регионов кој драматизира дел од овие мачо типови кои имаат огромни проблеми, но нивната појава останува нивна движечка енергија. Билетите за претставата чинат 100 денари, а од денес билетите ќе бидат пуштени во продажба, во просториите на Народниот театар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *