ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА ЈА ОДБЕЛЕЖУВА НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА

Секој човек заслужува внимание, а особено постарите лица. Со цел да се потенцира значењето за потребата од нивна зголемена интеграција, Црвениот крст, традиционално третата недела од месец ноември со соодветни активности ја одбележува Неделата на грижа на стари лица, под мотото „Сите сме нивни деца“.
Целта е да се нагласи колку е важно младите да се грижат за повозрасните. Тоа не подразбира само директна помош туку и социјална инклузија на старите лица затоа што тие имаат што да дадат.
И ЦКРСМ – Општинска организација Гевгелија, традиционално ја одбележува Неделата на грижа за старите лица во периодот од 15 до 21 ноември.
По тој повод беше организирана едукативна работилница на тема “Здраво и активно стареење – важен дел од нашиот живот” за пензионерите од Гевгелија, Богданци и Дојран.
На работилницата беа дискутирани и презентирани повеќе теми од интерес за постарите лица како што се стареењето – како физиолошки процес, демографски статистики, предизвиците со деменцијата и ковид – 19, како до здраво и активно стареење, но, и погодностите од сертифицираните негуватели и лични асистенти.
Кампањата по повод Неделата на грижа за старите лица има за цел за подигнување на свеста за инклузија на старите лица во сите сфери од општествениот живот.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *