ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ОД НОЌНАТА ТРКА „ВЕЛЕС ТРЧА“ АТЛЕТИЧАРИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ СЕ ВРАЌААТ СО ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИЦЕЦА СРБОВА ВТОРА, КРИСТИНА УЗУНОВА ТРЕТА, НАСЕ ЕПОВ ЧЕТВРТИ НА 5 КМ, ДОДЕКА ТОДОР АНЧЕВ ТРЕТ А ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ЧЕТВРТА НА 10 КМ

Петнаесет атлетичарки и атлетичари на гевгелискиот атлетски клуб „7-ми Ноември“, вечерва зедоа учество на ноќната трка „Велес трча“ а по повод 9-ти Ноември, ослободувањето на Велес. Трката беше во организација на Општина Велес, граѓани и атлетичари од овој град. На оваа трка учество зедоа над околу 300 атлетичари од целата држава.
Гевгелиската екипа беше составена од 15 атлетичарки и атлетичари, и тоа Валентина Мандалова, Методи Ичев, Насе Епов, Цеце Србова, Крсте Лисичков, Марјан Рисов, Никола Ковачев, Кристина Узунова, Ангел Делиќ, Русимка Динева и Емилија Глигорова кои трчаа на 5 километри, додека Тодор Анчев, Драган Ристов, Валентина Узунова и Данче Крајчева трчаа на 10 километри.
На 5 километри Цеца Србова го освои второто место, Кристина Узунова беше трета а Насе Епов четврти. На 10 километри, Тодор Анчев се пласираше на третото место, додека Валентина Узунова беше четврта.
Трката имаше хуманитарен карактер бидејќи се собираа средства заедно со ОО Црвен крст на Велес.
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.