OД ДЕНЕСКА ЗА ВЛЕЗ ВО ЗАТВОРЕНИ ОБЈЕКТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ СЕРТИФИКАТ ЗА ПРИМЕНИ ДВЕ ДОЗИ НА ВАКЦИНА ИЛИ ПОТВРДА ЗА ПРЕЛЕЖАН КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНИТЕ 45 ДЕНА

WEB Телевизија во живо

Нови правила на игра ќе важат од денеска во врска со влез во затворените објекти.
Или конкретно, за влез во објекти е потребен сертификат за примени две дози на вакцина или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена.
Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.
„Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот“, се наведува во соопштението од Министерството.
Сертификатот со две дози се однесува на следните објекти:
– семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50 отсто исполнетост од капацитетот на просторот.
– барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50 отсто исполнетост од капацитетот на просторот.
– влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица.
May be an image of 3 people and phone
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *