НА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ ПО ПОВОД 77 ГОДИНИ ОД НЕГОВОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ

WEB Телевизија во живо

Сè што помнам за Скопје како дете беше дворот од куќата на улицата „Максим Горки“ и сликата на мајка ми како ги пере алиштата во корито. Ја помнам и продавницата на улицата „29 Ноември“ и слатките бомбони на чичко Димче, продавач. Ги помнам и утакмиците на мали голчиња зад улицата пред „Железничка колонија“. Ги помнам фамилијарните излети во Сарај, собирањето пред „Ванила“, патувањето со точак од Карпош 4 до гимназијата „Јосип Броз Тито“. Ги помнам и седенките во клубчето на Ацо Црногорецот во Сингелиќ и свирките на групата „ТОРР“. Ги помнам и моите другари, Аки, Штипот, Максо, Венко, Тошка, Аљош, Дона, Раме, Чало, Цали, Јосиф, Старка….Како што нема да имам друго детство и друга младост, нема никогаш да имам ни друг град што ќе бидекако моето Скопје. Скопје ги помни и моите радости и моите таги.
Затоа, Скопје, нека ти е честит Денот, векувај и натаму граду крај Вардар.
May be an image of 1 person and outdoors
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *