ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ПРИМИ ДЕЛ ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“, ОРГАНИЗАТОРИ НА ПРВАТА УЛИЧНА ТРКА „NOVEMBER RUN“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов денеска прими дел од членовите на АК „7-Ми Ноември“, предводени од претседателот Игор Коцевски, кои за општинскиот празник 7-Ми Ноември ја организираа првата улична трка „Ноемвриска трка 2021“.
Во срдечен разговор, членовите на клубот го запознаа градоначалникот со сите детали од организирањето на оваа трка, која привлече големо внимание во македонската јавност. На трките на 5 и 10 километри, учество зедоа 600 тркачи, претежно од Македонија, но имаше гости и од Грција, Србија и Косово. На 10 километри, трка која се бодуваше за државното првенство во машка конкуренција победи еден од најдобрите македонски атлетичари Дарио Ивановски, кој постави нов државен рекод. Тие се надеваат дека оваа трка, со помош на Општина Гевгелија, ќе прерасне во традиционална манифестација како една од најатрактивните македонски спортски манифестации, ќе расте од година во година и ќе стане иден бренд на Општина Гевгелија.
Градоначалникот Сарамандов изрази задоволство од тоа како беше организиран овој настан, им оддаде признание на организаторот кој се потруди Гевгелија два дена да живее со оваа трка која привлече голем број на учесници од цела Македонија кои имаа можност не само да трчаат туку и да се запознаат со природните и гастро убавините на најјужниот град во државата.
На крајот, организаторите, на градоначалникот Сарамандов му врачија тркачки дрес и пригоден медал и ветија дека веќе од јануари 2022 година ќе започнат со подготовките за „Ноемвриската трка 2022“
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.