ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ВО ГЕВГЕЛИЈА

Вакцинација против сезонски грип започна денеска во центрите за јавно здравје низ државата, па така и во Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Велес, во Гевгелија.
Интересот на граѓаните од ризичните групи во Гевгелија е голем и на првиот ден од имунизацијата се пријавиле 122 лица над 65 – годишна возраст, лица со хронични заболувања и бремени жени.
-Вакцинирањето е според термините што се добиени од веб-страницата vakcinacija.mk, каде граѓаните се пријавуваат за бесплатна имунизација против сезонски грип. Нема проблеми и застој во вакцинирањето, а во случај некој од пријавените граѓани да го пропушти терминот за кој добил известување со смс-порака, тогаш вакцината може да ја прими во наредните седум дена, истакна Сашко Олумчев, доктор епидемиолог од Центарот за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија.
Тој напомена дека секој ден во Пунктот за вакцинација ќе се аплицираат по 122 вакцини на пациенти кои претходно се пријавиле на веб страницата vakcinacija.mk.
Набавени се и доволен број комерцијални вакцини против сезонски грип, а тие на заинтересираните граѓани ќе им бидат на располагање од понеделник.
Паралелно со вакцинирањето против сезонски грип, тече и имунизацијата против Ковид-19.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.