ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

АМБАСАДАТА НА СЛОВЕНИЈА ЌЕ БИДЕ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР НА ДОЈРАН ВО ЗАШТИТАТА НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО

Амбасадата на Република Словенија станува стратешки и долгорочен партнер на општина Дојран во реализацијата на клучни проекти од областа на заштитата и ревитализацијата на Дојранското езеро,изјави градоначалникот Анго Ангов по остварената работна средба во Дојран со словенскиот амбасадор, Милан Предан.
По неколкуте заеднички реализирани проекти до сега,било договорено во иднина главна цел на соработката да биде развојот на еко туризмот со интенција Дојран да стане првата еко туристичка дестинација во земјата.
– За полесно остварување на целта,ние веќе подолго време со невладината организација „Милиеу контакт“ изработуваме физибилити студии и проектни документации кои претставуваат основа за почеток на реализација на проекти за заштита на Дојранското Езеро, рече градоначалникот Ангов.
Благодарност од досегашната соработка изрази и амбасадорот Милан Предан кој истакна дека неговите соработници, како и до сега, ќе продолжат и понатаму да и даваат огромна логистичка подршка на општина Дојран при реализација на еко проекти.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.