ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЗАШТИТАТА НА ВАРДАР ЗАЕДНИЧКА ГРИЖА НА ПОГРАНИЧНИТЕ ОПШТИНИДОСЕГАШНИТЕ МЕРЕЊА НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОДАТА ВО ВАРДАР ПОКАЖУВААТ ПРИСУСТВО НА ТЕШКИ МЕТАЛИ, ПЕСТИЦИДИ И ИНСЕКТИЦИДИ

Во Поликастро се одржа завршна конференција на проектот „Одржливо управување на водните ресурси во прекуграничниот регион”- АКВА-М II“, реализиран со финансиска поддршка од ИПА- ППС со Грција. Лидер партнер на проектот беше општина Гевгелија, партнер од македонска страна – ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија, додека од грчка страна партнери беа Универзитетот „Аристотелу“- Оддел за хемија во Солун и општинските водостопански претпријатија во Пеонија и во Халкидона. Едногласна беше оценката на партнерите дека заштитата на реката Вардар е заедничка грижа на пограничните општини. Досегашните мерења на квалитетот на водата во реката Вардар од страна на лабораторијата на Одделот за хемија при Универзитетот „Аристотелу“ покажуваат присуство на тешки метали, пестициди и инсектициди, пред се, од прскањата против комарци, како и медикаменти. За среќа, првичните анализи покажуваат дека констатираните загадувања не ги надминуваат европските стандарди, истакна раководителот на лабораторијата при Универзитетот „Аристотелу“ Димитра Ламбропупу, нагласувајќи дека за грчкиот дел од реката Вардар посебно е карактеристична концентрацијата на медикаменти, а на наша страна има зголемено присуство на тешки метали и пестициди. Но, примероците на реката Вардар од оваа страна на границата, доставени од ЈПКД „Комуналец“, допрва ќе се анализираат. Во рамки на проектот ЈПКД „Комуналец“ набави најсовремена лаборториска опрема за мерење на квалитетот на водата во реката Вардар, во вредност од 123.807 евра.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.