ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВО НЕДЕЛА СВОЕТО ГРАЃАНСКО ПРАВО ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ОСТВАРАТ 19.076 ГРАЃАНИ СО ПРАВО НА ГЛАС

Во Општинската изборна комисија нагласуваат дека се направени сите подготовки за непречено одвивање на гласањето. Денес, беше одржана последната обука со претседателите на општинските избирачки одбори, на која беше симулирано гласањето и употребата на фингер-принтот.
Во недела, на 17 октомври, за првиот круг од гласањетово Општина Гевгелија своето граѓанско право ќе можат да го остварат 19.076 граѓани со право на глас. До законскиот рок се пријавиле и 160 стари, изнемоштени и болни лица, како и 2 лица болни од КОВИД-19 кои се пријавиле за гласање во сабота.
Гласачкиот процес во општината ќе се одвива на 37 избирачки места од кои, според претседателот на ОИК Гевгелија, Митко Ризов, во функција ќе бидат 36. Имено, во село Габрово се пријавени помалку од десет лица за гласање, поради што истите ќе гласаат на избирачкото место во соседното село Петрово.
Инаку, од страна на Општина Гевгелија, согласно надлежностите и упатствата од ДИК, направени се сите логистички подготовки за непречено одвивање на изборниот процес. Сите објекти и простории каде што ќе се гласа, се подготвени, пред и по гласањето ќе биде извршена дезинфекција, дел од возилата на општинскиот возен парк за изборите ќе бидат отстапени на ОИК, а се обезбедени и другите потребни средства.
May be an image of tree and road
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *