ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВО КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА СОБРАНИ 14 ЕДИНИЦИ КРВ

Црвениот крст- ОО Гевгелија денеска, среда, 13 октомври, организираше уште една крводарителска акција во Гевгелија. Во просториите на Народниот театар- Гевгелија, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, беше одржана втората по ред крводарителска акција „Дарувај крв, спаси живот“, во организација на хуманитарната организација од Гевгелија, а во соработка со службата за Транснфузиона медицина. Акцијата, на која беа собрани 14 единици од оваа драгоцена течност, се одвиваше со почитување на заштитните мерки против КОВИД-19, односно носење маска и дезинфицирање на рацете, бидејќи се работеше за настан кој се одржа во затворен простор.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.