ТИНА ТАРНЕР ГИ ПРОДАДЕ ПРАВАТА ЗА СВОЈОТ МУЗИЧКИ ОПУС НА МУЗИЧКАТА ИЗДАВАЧКА КУЌА „BMG“. ЦЕНАТА НЕ Е ПОЗНАТА.

WEB Телевизија во живо

Тина Тарнер ги продаде правата за својот музички опус на музичката етикета BMG, пишува The Guardian.
Опусот на американската уметница со швајцарска адреса е создаден во текот на нејзината шеесетгодишна кариера и вклучува некои од хитовите за сите времиња како што се What Love Got To Do To With It и Private Dancer.
Пејачката на BMG им ги продаде правата на нејзините снимки, правото да управуваат со нејзиното име и со нејзините слики. Тоа е најголемиот договор со индивидуален уметник што оваа издавачка куќа го постигнала. Сумата за која Тарнер ги продаде своите права не е позната во јавноста.
– Заштитата на моето животно дело и музичко наследство е многу лична работа за мене. Убедена сум дека мојата работа е во сигурни и професионални раце, рече Тарнер.
Извршниот директор на BМG е задоволен од постигнатиот договор.
– Музичкото патување на Тина Тарнер инспирираше стотици милиони луѓе низ целиот свет и продолжува да го наоѓа својот пат до новата публика.
Пред Тина, таква одлука донесоа некои други уметници чии песни се незаменлив дел од американската поп -култура. Нил Јанг потпиша договор со музичката компанија HIPGNOSIS, нобеловецот Боб Дилан со Universal Music, а легендата за кантри музиката Доли Партон призна дека размислува за истото.
May be an image of 1 person, standing and text that says 'HE TIN RNER'
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *