ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

РАФАЕЛ НАДАЛ ОДИГРА НЕКОЛКУ ПОЕНИ СО 97-ГОДИШНИОТ ЛЕОНИД СТАНИСЛАВСКИ НАЈСТАРИОТ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ.

Додека се лечеше од повредата на левото стапало, Рафаел Надал официјално беше домаќин на најстариот тенисер со ИТФ лиценца во неговата академија во Мајорка, 97-годишниот Украинец Леонид Станиславски, со кој одигра и неколку поени.
Станиславски испрати писмо до ИТФ пред неколку месеци во кое побара да се создаде нова категорија ветерани за тенисери на негова возраст, па ИТФ навистина го направи тоа, создавајќи категорија „над 90-тите“ на ИТФ Светското првенство за супер сениори.
Инаку, Леонид Станиславски повеќе од педесет години се натпреварува на аматерски план, роден е на 22 март 1924 година, а доаѓањето на Мајорка и средбата со Надал е врв на неговата кариера.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.