ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ПОРАДИ ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС СЕ ПРОЛОНГИРА ПОЧЕТОКОТ НА РАБОТАТА НА ЛЕКАРСКАТА КОМИСИЈА ЗА ТУЃА НЕГА ВО ОПШТА БОЛНИЦА-ГЕВГЕЛИЈА

На крајот на месец септември ве информиравме дека од страна на Министерството за здравство на Општата болница со проширена дејност- Гевгелија и беше издадено решението за отпочнување со работа на Лекарската комисија за туѓа нега. Формирана е тричлена комисија која ќе издава конзилијарно мислење и наод за пациентите од Гевгелија Богданци, Дојран и Валандово.
Но, од Општата болница во Гевгелија стигна соопштение во кое се известуваат сите граѓани кои имаат потреба од остварување на правото за надоместок за туѓа нега, дека поради изборниот процес кој е во тек, почетокот на работата на оваа Лекарска комисија ќе биде пролонгиран се до завршувањето на локалните избори.
Од Општата болница велат дека на сите граѓани кои имаат поднесено барање за остварувањето на правото од туѓа нега и надоместок на лица, а кои ќе добијат позитивно мислење, исплатата на надоместокот ќе им се пресметува од денот кога го поднеле барањето, а не од денот кога комисијата ќе започне со работа.
Како што е познато, зажажувањето термин за конзилијарно мислење и наод од Комисијата потребно за остварувањето на правото од туѓа нега и надоместок на лицата ќе се одвива преку матичните лекари со закажување во електронскиот систем „Мој термин
Ваквата иницијатива за формирање на Лекарска комисија за туѓа нега и во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, надлежна и за соседните општини од Југоистокот беше покрената уште на почетокот на годината поради сложеноста на процедурата и долгото време на чекање за добивање термин пред Комисијата, имајќи предвид дека беа засегнати над 1.200 граѓани од регионот.
May be an image of one or more people, people standing, outdoors and text
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.