Издавачката куќа „Макавеј” од Скопје ја објави збирката колумни и есеи на нашиот сограѓанин, Васко Шутаров со наслов „Со зрно сол. И парче локум. Карантински колумни и есеи”.
Препорачувајќи ги колумните на Шутаров, кои излегуваа на порталот „Република“, рецензентот и промотор на изданието Елка Јачева Улчар, истакна дека пораките кои произлегуваат од колумните и есеите имаат потрајна димензија, и не завршуваат со нивното прво читање.
Една нотка, пишува Улчар се провлекува од првата до последната колумна. Човечноста,и неприкосновеноста на љубовта кон човекот. И кога на човека му е добро и кога му е помалку добро.
Книгата е спонзорирана од Општина Гевгелија и може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ и на порталот kupikniga.mk.
Д-р Васко Шутаров е доктор по политички науки, поранешен пратеник и дипломат, со повеќегодишно искуство во креирањето и практикувањето на културни политики и културна дипломатија на државата.