ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА 17-ТО ИЗДАНИЕ НА „ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН 2021“ ЌЕ НАСТАПАТ 17 ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

Четирите трки од 17-тото издание на Виз Ер Скопскиот маратон ќе се трчаат во недела, на 3-ти октомври. Маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт ќе започнат во 8:00 часот, а трката на 5 километри ќе се трча со старт во 8:10 часот. Стартот и целта на трката ќе бидат на платото пред главниот влез на Спортски центар Борис Трајковски, информираа денеска организаторите на маратонот.
На трката учество ќе земат и 17 члена на АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија кои ќе трчаат во сите четири дисциплини, штафетна трка, 5 километри, полумаратон и маратон.
Патеката по која учесниците ќе трчаат ќе биде иста, како и претходната година, информираше Кире Синадиновски, директор на Виз ер Скопски маратон. Тој соопшти дека целиот настан ќе биде организиран согласно протоколите одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
„Оваа година ќе имаме околу 7.000 учесници на сите четири трки, маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон – ЕУ за спорт и трката на 5 километри. Маратонот и оваа година ќе биде домаќин на квалитетни натпреварувачи, како и секогаш, а имаме пријавено натпреварувачи од над 40 земји од целиот свет, со што очекуваме одлична трка. Фокусот на овогодинешното издание ќе биде на домашните маратонци, кои ќе се потрудат да ги постигнат најдобрите резултати и да ги срушат сопствените, но и рекордите кои се досега поставени на Скопскиот маратон низ годините“, изјави Синадиновски.
Инаку, сите учесници пријавени на овогодинешното издание на маратонот, со покажување на стартниот број ќе можат бесплатно да го користат јавниот градски превоз во Скопје на ЈСП.
May be an image of 16 people, people standing and text that says 'AIR SKOPJE ATHON 2020 Wro wizzair.com WIZZ AIR SKOPJE -MARATHON 2020 IZZ AIR SKOPJE WTEZ wizzair.com WIZZ AIR 1ARATH a 1ED CTOBER 20 2935 ATHON AY OR SPORT photography'
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *