ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

КОНЦЕРТ НА ДУОТО „СКУПИ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА СО ПРЕРАБОТКА НА СТАРИ МАКЕДОНСКИ ПЕСНИ И ОРА

Популарното дуо „Скупи“ во кој членуваат Јета Старова-Мехмети (флејта) и Ермаљ Мехмети (виолина), повторно гостува во Гевгелија.
На 21 октомври, 2021 година, во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 19 часот, тие ќе одржат концерт на класична музика со преработени стари македонски песни и ора, а во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, и во соработка со ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија.
На програмата се :
Сношти сакав да ти дојдам
2. Не си го продавај Кољо Чифлигот
3. Се посврши Сербез Донка
4. Јано Мори
5. Касапско оро
6. Море сокол пие
7. Опа Иха
8. Си заљубив едно моме
9. Пајдушко оро
Сите овие и останатите композииции кои се на нивниот репертоар се преработени, аранжирани и напишани од Ермал Мехмети, според стари македонски песни и ора. Влезот е слободен. Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.