ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

КК „КОЖУВ“ СО ЧЕТИРИ ПОРАЗИ ВО ПРВИТЕ ЧЕТИРИ КОЛА.

Кошаркарите на Кожув и по четвртиот меч во новата сезона во домашното првенство остануваат без победа, на последното место. Четвртиот пораз дојде на гостувањето во Битола, кога екипата на Пелистер излезе како победник, совладувајки ги гевгеличани со 96:67. Навивачите на „Кожув“, популарните „Фантоми“ почнуваат да бидат нетрпеливи,и реагираат на социјалните мрежи, затоа што нивните миленици заедно со новиот член на лигата Ангели, се единствените без триумф во овие први четири кола од шампионатот.
На почетокот на сезоната 2021/2022 во македонската кошарка, ништо не наговестуваше дека е можно Кожув, кој минатата сезона за малку не избори место во разигрувањето за титулата, да се најде во ваква ситуација.
Стратегот на Кожув, Павле Николов пред стартот на шампионатот изјави
„Очекувањата се пласман во Суперлигата, на тоа целиме. Задржавме дел од костурот на екипата од претходната сезона и го дополнивме со неколку квалитетни имиња, а доколку не служи здравјето зошто да не постигнеме и нешто повеќе“.
Да се надеваме дека ова е само моментална криза во играта на Кожув, а веќе во наредниот меч работите ќе станат малку појасни
May be an image of 9 people, people standing and indoor
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *