ИГОР КОЦЕВСКИ:УЛИЧНАТА ТРКА „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2021“ ВЛЕГУВА ВО КАЛЕНДАРОТ НА АТЛЕТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Претседателот на АК „7-Ми Ноември“, Игор Коцевски не информираше дека уличната трка November Run Gevgelija 2021 ќе влезе во календарот на маратонските трки на Атлетската федерација на Македонија.
До сега, вели Коцевски, повеќе од 220 учесници се пријавени да трчат на November Run Gevgelija 2021! Вториот рок за пријавување веќе тече, и доколку се пријавите до 16.10.2021 година во стартниот пакет ќе добиете dry-fit маичка.
Пријавувањето за трката е на https://runnerspot.com/event/Gevgelija а може да се пријавите до 27 октомври 2021 година
Ова е голем успех за атлетскиот клуб од Гевгелија, кој постои само две години и до денес членовите на овој клуб, кои ги има околу 60, учествувале со голем успех на над 50 трки во земјава и во странство.
На 7 ноември, по повод општинскиот празник, клубот ќе ја организира и првата улична трка во Гевгелија. •
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *