ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЕДЕН НЕСЕКОЈДНЕВЕН РОМАНТИЧЕН ПИКНИК ПОД ЅВЕЗДИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА.

Пикникот е едно од најавтентичните искуства кои можат да се доживеат во Париз. Без оглед на тоа дали буџетот ви дозволува да уживате во убавите ресторани во овој град или не, тоа е нешто кое не треба да го прескокнете штом престојувате таму. Гевгелија, синоќа наликуваше на мал Париз, впрочем така, во минатото, странците ја нарекувале, воодушевени од чистотата, калдрмисаната главна улица, осветлена навечер.
За прв пат во Гевгелија се случи нешто поинакво од вообичаеното седење во кафуле или ресторан. Романтичен вечерен пикник. Идеата феноменална, местото, градскиот парк „Виолета“, како создаден за вакво нешто, реализацијата на Домот на култура на високо ниво. Времето малку ладничко, околу 15 степени, но тука е виното на Бариста кое , по неколку голтки ја подига внатрешната температура за барем 10 степени. Горе над главите волшебна прекривка од ѕвезди, долу на тревата, топли перничиња на кои седнуваш со пријателите, блиските, со семејството, додека звучната кулиса е обезбедена од виолината и клавирот на браќата близнаци Александар и Атанас Стојанови. И, додека се редат светски и домашни инструментални хитови, за момент луѓето како да забораваат на секојдневието, на пандемијата, на пописот, на изборите, и во мислите, оние постарите доживуваат дежа ву, се навраќаат на времето на својата младост кога за празник или во недела низ парковите и ливадските предели во Гевгелија се организирале попладневни закуски со семејството и со најблиските. Оние другите, помладите, можеа да почувствуваат со какво уживање нивните родители, нивните баби и дедовци се забавувале на ваквите дружења во природа.
Ги оставаме романтичарите да уживаат, а ние си заминуваме додека не испраќаат звуците на клавирот и виолината кои одекнуваа во оваа убава октомвриска свежа квечерина.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *