КОВИДОТ И КАМПАЊАТА: ПОЛИТИЧАРИТЕ ЗБОРУВААТ ДА СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ И ПРОТОКОЛИТЕ А НА МИТИНЗИТЕ НИ „П“ ОД ПРОТОКОЛИ.

WEB Телевизија во живо

Мијте раце, носете маска, држете растојание, почитувајте ги протоколите, вакцинирајте се, се секојдневните пораки од претставниците на власта до граѓаните, додека на партиските митинзи, често пати може да се види дека токму тие што им упатуваат вакви пораки на граѓаните, не држат растојание, не носат маски и не ги почитуваат протоколите за заштита од коронавирусот, што тие ги донеле.
Речиси сите епидемиолози апелираат на сите учесници во предизборната кампања да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на корона вирусот. Така, доктор Сашко Олумчев препорачува, наместо големи собирања, учесниците на сите политички партии во предизборието да ги пренесуваат своите политички пораки до своите следбеници преку други облици на комуникација, како што се електронските и пишани медиуми, социјалните мрежи и он лајн средбите.
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *