ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВО ТЕК Е НАСТАНОТ „GLOBAL CITIZEN LIVE“ ЗА ПОДДРШКА НА ГЛАДНИТЕ, ЗА ПРИСТАП ДО КОВИД ВАКЦИНИТЕ И ЗА ДАВАЊЕ ПРИОРИТЕТ НА РЕШАВАЊЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

„Global citizen live“ кој може да го следите во живо на https://www.youtube.com/watch?v=KEy0IdfKecE ќе ги повика светските лидери да достават 1 милијарда вакцини во земјите со најголема потреба и да обезбедат оброци за 41 милион луѓе кои во моментов се на работ на глад. Исто така, ги повикуваме лидерите и корпорациите да ги намалат емисиите на штетни гасови и да се приклучат на трката до нула емисии, и да се заложат за вкупно 1 милијарда дрвја засадени до 2022 година.
Додека богатите земји примаат вакцинации против СОВИД-19 и влегуваат во „нова нормалност“, милијарди луѓе низ целиот свет се уште не можат да пристапат до вакцините. Глобалната пандемија ги засили постоечките нееднаквости во светот, бидејќи економиите се превртени наопаку, а сиромаштијата и гладот достигнаа неверојатни размери. Како што ураганите, пожарите, поплавите и сушите – засилени со климатската криза – продолжуваат да им се закануваат на најранливите, потребата за промени е поитна од кога било.
Денес, сабота, на 25 септември, Global Citizen Live, глобалниот настан што се случува еднаш во животот на секоја генерација, во текот на 24 часа, ќе ги стави најитните прашања во преден план на нивниот повик за акција за одбрана на планетата и пораз на сиромаштијата. Ги собираат најголемите sвезди во светот за да се приклучат на нивната мисија и да ја искористат силата на обединетиот глас за да се поттикнат светските лидери и големите бизнис корпорации да преземат акција. Adam Lambert, Alessia Cara, Alok, Andrea Bocelli, Angélique Kidjo, Billie Eilish, Black Eyed Peas, BTS, Burna Boy, Camila Cabello, Charlie Puth, Christine and the Queens, Criolo, Coldplay, Cyndi Lauper, Davido, Deborra-Lee Furness, Delta Goodrem, Demi Lovato, Doja Cat, Duran Duran, Ed Sheeran, Elton John, Fatma Said, Femi Kuti, Green Day, H.E.R., Hugh Jackman, Jennifer Lopez, Jon Batiste, Keith Urban, Kylie Minogue, Lang Lang, Liniker, Lizzo, Lorde, Made Kuti, Måneskin, Mart’nália, Meek Mill, Metallica, Mosquito, Nile Rodgers and Chic, Rag’n’Bone Man, Ricky Martin, Shawn Mendes, Stormzy, The Lumineers, Tiwa Savage, Tropkillaz, Usher, и многу други ќе настапат во Њу Јорк, Лос Анџелес, Париз, Лондон, Лагос, Рио де Жаниеро, Мумбаи и Сиднеј
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.