ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВО ПЕТОК СЛУЖБЕНИЦИТЕ ЌЕ РАБОТАТ САМО 4 ЧАСА.ТОА ДА ТИ БИЛО ЧЕКОР КОН СОЗДАВАЊЕ (НЕ) ЗАВИСНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Наместо 40 часа, администрацијата ќе работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок. Ова е предвидено во новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија, објавен е на ЕНЕР и истекува рокот за коментари. Го подготви Министерството за информатичко општество и администрација. Во членот 55 од Законот кој се однесува на работното време стои:
(1)„Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.
(2) За неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно со закон, пишува во законот.
Инаку Законот беше ставен на ЕНЕР на 21 септември годинава и по коментарите треба да оди на усвојување.
Законите, според објаснувањата треба да ја направат департизирана и деполитизирана јавната администрација, но и да ги избегнат во неа појавите на непотизам, клиентелизам и кронизам.
May be an image of office and indoor
 
 
 

 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.