ВО ГЕВГЕЛИЈА ИЗБРАНИ ОСУМ ЛИЦА ЗА НЕГУВАТЕЛИ ЗА ПОМОШ И НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

WEB Телевизија во живо

Во Гевгелија беше извршено селектирање на пријавените кандидати за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.
На огласот се пријавија 18 лица, од кои селектирањето го поминаа осум.
Претходно беше извршена селекција на кандидати во Радовиш, а обуката за избраните почнува на 6 септември.
Селекцијата на кандидатите се спроведува врз основа на објавениот оглас за верификацијата на посебната програма за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Струмица, во рами на проектот „Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ“, поддржан од Австриската агенција за поддршка на развојот, Австрискиот црвен крст, Црвен крст на РСМ и Швајцарскиот црвен крст.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *