ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ВО ЕДЕН ДЕН ИСТРЧА ДВЕ ТРКИ. ГО ОСВОИ ПЕТТОТО МЕСТО НА УЛИЧНАТА ТРКА ВО КРУШЕВО, А ТРЧАШЕ И ВО СКОПЈЕ НА „HEARTKOR RACE 10k“

WEB Телевизија во живо

Маратонката и членка на АК „7 Ноември“, Валентина Узунова, денес направи вистински подвиг. Во рок од 12 часа истрча две трки, на 5 и 10 километри, кои се трчаа во Скопје и Крушево.
Во Крушево, таа настапи на уличната трка на 5 километри, на кои учествуваа 50 натпреварувачи, во знак на одбележување на Денот на независноста и Денот на ослободување на Крушево, 8-ми септември. Се трчаше улична трка но за разлика од останатите трки оваа беше на повеќе од 1200 метри надморска висина.
Трката беше во организација на Центарот за хумани односи во рамки на проектот „Младински активизам за еко туризам“ со финансиска поддршка на Агенција за млади и спорт и во партнерство со општина Крушево и спомен куќата на Тоше Проески.
Претходно, Узунова, својот историски ден го започна во 7,30 часот, со старт на трката „HEARTKOR RACE 10k 2021“, на 10 километри, која во чест на своето едногодишно постоење, ја организираше Атлетскиот клуб „KORRUNNERS“. Стартот и целта на трката на 10 километри беа „Кај Жабарот“ а се трчаше на патеката покрај Вардар. Таа успеа да ја заврши трката и покрај болната повреда на задната ложа.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *