ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

СВЕТСКИ ДЕН НА СРЦЕТО 2021!КОРИСТЕТЕ ГО СРЦЕТО И ПОВРЗЕТЕ СЕ, ЗА ДА НЕ БИДЕТЕ ОСАМЕНИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА.

Слоганот на Светскиот ден на срцето оваа година е „Користете го срцето и поврзете се“
Половина од светското население нема интернет. Тие немаат пристап до дигитални алатки за да помогнат во спречување, откривање и лекување на болести на срцето и крвните садови. Според Светската федерација за срце, неповрзаните срца се ранливи, а поврзаните срца се силни. Дигиталните мрежи овозможуваат поврзување на пациентите со семејството, пријателите, другите пациенти, здравствените работници и негувателите. Никој не смее да се чувствува осамено, без оглед на пандемијата COVID-19, затоа да ја користиме технологијата за да ја надминеме изолацијата и да помогнеме во ефикасноста и пристапот до здравствена заштита.
Додека целиот свет се бори против пандемијата на коронавирус, ние никогаш не сме биле посвесни за важноста на нашето здравје. Кардиоваскуларните болести остануваат најголемиот убиец во светот, што резултира со 17 милиони смртни случаи годишно. За 520 милиони луѓе кои живеат со кардиоваскуларни проблеми, пандемијата беше дополнително катастрофална поради поголемиот ризик од развој на потешки форми на болеста. Многумина се плашеа да дојдат на важни редовни прегледи. Новата ситуација низ која сите живеевме ја нагласи итната потреба да се најдат различни и иновативни начини за поврзување на луѓето со цел да се зачува нивното здравје.
Секоја година, 17,5 милиони луѓе во светот прерано умираат од некои болести на срцето и крвните садови (ЦВБ), меѓу кои доминираат срцев удар и мозочен удар. Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт, и доколку не се преземат поефикасни интервенции, се очекува бројот на смртни случаи да се искачи на 23 милиони годишно до 2030 година.
Со цел одбележување на Светскиот ден на срцето, секоја година на 29 септември, членовите и партнерите на мрежата на Светската федерација за срце, како и сите поединци ширум светот, се приклучуваат во разни спортски активности, прошетки, музички и културни настани, за да организираат професионални собири и превентивни прегледи во здравствениот систем.
May be an image of map and text
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *