ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

РОМАНТИЧЕН ПИКНИК ПОД ЅВЕЗДИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Дом на култура „Македонија“ организира настан за уживање на кој сме сигурни дека гевгеличани долго ќе се сеќаваат. РОМАНТИЧЕН ПИКНИК под ѕвездите е настанот кој најверојатно ќе ја одбележи оваа година. Да ги заборавиме сите лоши моменти и за кратко да се навратиме во времето на ПИКНИКОТ. За миг, да се навратиме на времето кога низ парковите и ливадските предели во Гевгелија се организирале попладневни закуски со семејството и со најблиските. Единствено што треба да понесете со себе е саканата личност и добро расположение, останатото е грижа на организаторот. Сите присутни ќе седат на перничиња на земја, кои ќе бидат обезбедени од страна на организаторот.
Настанот ќе се одржи на 29.09.2021 (среда) со почеток во 20:00 часот, во градскиот парк „Виолета“ кај железничката станица. Присутните ќе можат да уживаат во прекрасните ноти на пијаното и виолината во изведба на Александар и Атанас Стојанови. За дополнително уживање, кафетерија БАРИСТА ќе понуди палета од најдобрите сортни вина по најповолни цени.
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.