ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ОВОЈ ВИКЕНД ЌЕ БИДЕ ПРЕОСВЕТЕНА ЦРКВАТА „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

По комплетното внатрешно уредување, како и новиот фрескоживопис на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија, Гевгелиското Архиерејско намесништво ги поканува гевгеличани, како и сите православни христијани да присуствуваат на преосветувањето на овој свет храм.
На 18 септември, сабота, во 17 часот ќе се одржи Вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел со свештенство на Повардарската епархија.
На 19 септември, недела, во 8 часот и 15 минути ќе започне чинот на преосветување на црквата „Свети Кирил и Методиј“ со архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваНеговото Блаженство, Архиескопот Охридски и Македонски, г.г. Стефан со членовите на САС на МПЦ-ОА и свештенството на Повардарската епархија.
Цркавата Свети Кирил и Методиј, според натписот на плочата на источниот ѕид, е подигната во 1896 годин, вѕидан над олтарната апсида од надвор. Тоа значи дека оваа година Црквата слави 125 години постоење. Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година. Во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник.Според својата архитектурна форма, таа е трикорабна градба, со рамни дрвени тавани и со покривна конструкција на две води. Црквата има голем и убав иконостас, чии икони ги работел зографот Димитриј Андонов – Папрадишки. Дверите на црквата се од постаро време и се смета дека се пренесени од старата црква „Света Троица“ или од манастирската црква „Св. Спас“ во Гевгелија и се дело на непознат резбар од XVIII век. Градител на црквата е Андон Китанов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *