ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НАЈМАЛИТЕ ГЕВГЕЛИЧАНИ НА СВОЈ НАЧИН ГО ОДБЕЛЕЖАА СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Денес е 22 септември, светскиот ден без автомобили . По тој повод најмалите дечиња при ЈОУДГ”Детска Радост”, објект Цветови, учествуваа во разни активности по повод одбележувањето на овој ден . Цртаа , изработуваа велосипеди од различни материјали и ги учеа основните сообраќајни правила како најсигурно да се движат во сообраќајот. Се разбира сето тоа под будните очи на нивните воспитувачки Зорица Јованова, Елена Ивановска и Рената Лазарова. „Целта ни беше, велат воспитувачките, со насмевка и игра на нашите најмлади, да ги потикнеме сите луѓе во нашиот град, да ја чуваат средината во која живееме за сите ние да имаме здрава и чиста околина“.
Денешната дата, 22-ри септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента , исто така е важна затоа што се одбележува и „Светскиот ден без автомобили“.Овој ден има за цел да ја крене свесноста кај луѓето за зелените, еколошки транспортни решенија (јавен транспорт, пешачење, велосипедизам, итн.), како и да поттикне иницијатива за ремоделирање на градовите во насока на поддршка на ваквите модели на транспорт и приближување на јавниот простор, пред сè улиците, поблиску до луѓето. Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *